Примарна дејност на Викели е дизајнирање, креирање, изработка и производство на пехари, статуетки, медали, плакети за одбележување на врвни достигнувања во спортските натпреварувања, како и во секојдневните животни активности и достигнувања. Нашиот стручен и професионален тим има големо искуство во создавање на персонализирани трофеи и награди за Вашите потреби за кои се користи современа технологија.
